HomeДЕНЕШНАСветФранцуските републиканци избираат претседателски кандидат – Саркози во трката, но без шанси

Француските републиканци избираат претседателски кандидат – Саркози во трката, но без шанси

francija-640x437

Французите денеска имаат можност да гласаат на прелиминарните избори на Републиканците на кои ќе треба да биде избран кандидатот, кој ќе ги претставува на претседателските избори во 2017 година.

За прелиминарните избори се отворени околу 100.000 гласачки места ширум земјата, а се ангажирани околу 81.000 волентери за нивно спроведување. На гласањето, покрај членството на партијата, можат да учествуваат сите оние кои се запишани на изборните листи и кои се подготвени да ја прифатат односно потпишат повелбата на денсицата и центарот. Притоа треба да се уплатат и две евра.

Изборот е богат, дури седуммина се борат за претседателската кандидатура на републиканците: Жан-Франсоа Копе поранешен министер, Франсоа Фијон поранешен премиер и министер, градоначаникот на Бордо и поранешен премиер и министер Ален Жупе, Натали Косиуско-Моризе поранешна министерка, Бруно Ле Мер исто така поранешен министер, Жан-Фредерик Поасон од Демохристијанската партија и поранешниот претседател Никола Саркози.

Сите тие гласаа до пладне, како и многу симпатизери на левицата, кои замижаа при потпишувањето на повелбата, се само со цел да спречат Никола Саркози да се најде во вториот круг на прелиминарните избори.

Инаку ова гласање претставува историски настан за француската десница, поточно за партијата на Републиканците, следбеници на Генералот Де Гол, бидејќи таа денес првпат во својата историја го избира својот кандидат за претседател на Франција на отворени избори, по моделот на Американците и на социјалистите, кои на тој начин го избраа Оланд во 2012 година да ги претставува наспроти Никола Саркози.

Последниот пат кога се гласаше „демократски“ во партијата за нејзин претседател, партија која нема внатрешно-демократско искуство, дојде до повеќенеделно спорење на резултатите и вистинска герила меѓу Франсоа Фијон и Жан-Франсоа Копе. Тоа не е исклучено ниту вечерва, со оглед дека се предвидува дека победникот и местото во вториот круг според анкетите треба да се бара меѓу Жупе, Саркози и Фијон, со тесно мнозинство.

Сите испитувања на јавното мислење покажуваат дека двата кандидати од седумте кои што вечерва ќе пристигнат први, еден од нив има големи шанси да стани претседател на Франција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com