Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФранцуски брод пронајде сигнал за кој се верува дека е на „Египет ер“

Француски брод пронајде сигнал за кој се верува дека е на „Египет ер“

Француски брод детектирал сигнали длабоко во Средоземно Море, за кои се верува дека се од црните кутии на летот МС804 на Египет ер, пренесува Раша Тудеј. Авионот се урна минатиот месец, при што загинаа сите 66 патници и членови на екипажот.

Официјални лица од Египет наведоа дека сигналот го детектирала француската подморница „Лаплас“ како и дека потрагата се интензивирала за што побрзо да се најде црната кутија која најверојатно ги има сите податоци за падот на авионот.

Авионот „Ербас А320“ се урна на 19-ти мај, околу 170 километри од брегот на Египет во Средоземното море. Авионот полета од аеродромот Шарл де Гол во Париз.