HomeДЕНЕШНАСветФранција започна истрага поради грабежот на Ким Кардашијан

Франција започна истрага поради грабежот на Ким Кардашијан

Франција и формално отвори истрага за ограбувањето на американската риалити ѕвезда Ким Кардашијан во Париз, која остана без накит проценет на околу десет милиони евра, соопштија во средата правосудни извори.

Истрагата е насочена на „вооружен грабеж, казнено здружување и грабнување“, изјавил извор од обвинителството. Се испитуваат трагите од ДНК за кои во вторникот вечерта извести радиото Europe 1 кои се пронајдени во луксузниот апартман во кој отседнала Карадшијан, потврдиле изворите на AFP во средата.

Полицијата ја објави официјалната верзија според која пет вооружени мажи во раните утрински часови на 3-ти октомври упаднале во апартманот на Кардашијан со маски и полициски униформа, однесувајќи го накитот вреден околу 10 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com