HomeДЕНЕШНАСветФранција оддава почит на жртвите во нападот во Ница

Франција оддава почит на жртвите во нападот во Ница

Церемонијата за оддавање на почит на 86 луѓе кои беа убиени од страна на исламистички екстремист кој влета со камион во маса од луѓе во Ница за време на прославата на националниот празник 14 јули, беше организирана токму во тој град во присуство на претседателот на Франција Франсоа Оланд. Покрај францускиот претседател на церемонијата присуствуваа уште и семејства на починатите, повредени лица, верски претставници, главни политички лидери на Франција и локалните власти на Ница.

Биле прочитани и имињата на сите 85 жртви и биле поставени 86 бели ружи во центарот на плоштадот каде се одржува церемонијата. „Нападот на 14 јули во Ница имаше цел да го уништи националното единство, но таа злобна намера нема да успее. Монструозната цел на терористите е да создаваат насилство за да се случи поделба. Но тој злобен акт ќе пропадне: Единството, слободата, хуманоста на крајот ќе победат“, изјави претседателот на Франција Оланд за време на церемонијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com