Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионФото: Знак на мирот направен од 460 силуети го сруши гинисовиот рекорд

Фото: Знак на мирот направен од 460 силуети го сруши гинисовиот рекорд

Знакот на мирот го сруши гинисовиот рекорд. Група од 460 лица успеа да влезе во светската книга на рекорди, откако ги здружи силите во северозападниот турски округ Бурса, за да формира, најголем во светот, пловечки знак на мирот од човечки тела, објави весникот „Хуриет”.
mir1Групата, која вчера се собра во пристанишниот град Мудања до Бурса, во рамките на прославата на Денот на победата во Турција, влезе во Мраморното Море од плажата Кумјака и го формираше знакот на пацифизмот, a остана неподвижна во морето пет минути за да го обезбеди рекордот.
mir2Обидот беше регистриран како најголем знак на мирот во светот од претставникот на Гинисовата во Турција Шејда Субаши Гемиџи. Претходниот рекорд на Гинис за најголем пловечки знак на мирот беше поставен во Јордан, каде 262 луѓе останаа да пливаат во оваа фигура речиси 10 минути крај брегот на Мртвото Море во 2014 година.