Фото: Вевчанци ја докажаа лудата креативност – Карневалот понуди „страшни“ маски
Тие што цела година живеаат за еден ден на ослободување на сите наталожени импресии, стравови, желби, фрустрации, надежи и итроштина уште покажаа дека се мајстори за креативни маски кои ќе ве насмеат, исплашат, импресионираат и замислат. Вевчанци уште една докажаа дека се мајстори на забавата, баш во „најзаматена“ карневалска форма која се применува уште од паганските епохи.
Покрај одржување на традиционалните маски и сите фестивалски „ѓурултии“, Вевчанци покажуваат дека се најпрецизна лахмус хартија и на општеството, рефлектирајќи ги преку своите маски нашите секојдневи политички циркузи. Вевчанци не се плашат да се закачаат ниту со високите функционери, ниту пак со Кате Специјале. Покрај маските, во Вевчани секогаш е загарантирана добра забава со отворање на „границите“ на Републиката на сатирата за Василица.
Позитив.мк ви пренесува дел од денешната атмосфера во Вевчани.
Автор:Христијан Станоевиќ
Фото:Владимир Стојаноски
Не е дозволено преземање на оваа содржина без дозвола на редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница.