Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеФото: Утре се одбележуваат 53 години од катастрофата која го промени животот на Скопјани

Фото: Утре се одбележуваат 53 години од катастрофата која го промени животот на Скопјани

Македонската метропола утре одбележува 53 години од катастрофалниот земјотрес што со уривачката моќ во 1963 година го претвори Скопје во урнатина. Утре во 10 часот, на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќиња, додека во ЈУ Културно информативен центар Скопје, утре од 9 до 17 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје и изложба на фотографии.
bosko frzop 1
Она што не смеете да го пропуштите утревечер е изложбата во МКЦ – „Скопје 63-Хроника на една катастрофа“ на хрватскиот фотограф и архитект, Бошко Фржоп. Неговите фотографии се автентични и оригинални, а досега необјавени, односно досега доживеале две изложби во Загреб и Шибеник. Хрватскиот архитект, кој непосредно по огромната катастрофа што се случи во Скопје тоа кобно утро, на 26 јули во 1963 година, со својата фирма „Изградња” од Шибеник се вклучи во обновата на градот. Фотографиите се направени во првите денови по земјотресот кој го промени животот на Скопјани.
bosko frzop
Изложбата на Бошко Фржоп започнува во 20:00 часот, а потоа во МКЦ ќе бидат прикажани 5 кратки филмови на скопските режисери Игор Иванов Изи, Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Ѓорче Ставревски и Марко Ѓокович.За крај на вечерта се планирани настапите на групите СИЗ, Stuttgart Online и YOU.
bosko frzop 4
Централната манифестација за одбележување на оваа катастрофа е утревечер во Музеј на град Скопје, во 20:00 часот каде градоначалникот Коце Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје 1963- виртуелни изложбени тури“.
bosko frzop 3
bosko frzop 2