Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаФото: Ученици од Пробиштип однесени во црква без знаење на родителите

Фото: Ученици од Пробиштип однесени во црква без знаење на родителите

Наместо на час, децата во црква. Ученици од ОУ Никола Карев во Пробиштип, заедно со своите одговорни наставници присуствувале на Молебен за почеток на учебната година, во локалната црква Успение на Св. Богородица – пишува Либертас.мк.
probistip1
На фотографиите кои пристигнале до порталот може да се видат учениците на религиозен настан. Не се знае дали наставниците добиле одобрување од родителите на малолетните ученици. Според извори на порталот, на дел од учениците им било кажано дека мораат да присустваат на религиозниот настан, а родителите за Молебенот дознале дури отпосле – од страна на нивните малолетни деца.

Не е јасно зошто одговорните во училиштето постапиле на ваков начин и зошто не е испочитувана уставната категорја за секуларност помеѓу црквата и државата, односно зошто дел од учениците биле принудени да присуствуваат на религиозен собир.