Saturday, Jul 22, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаФото: Смоларскиот водопад не ги издржа ниските температури, замрзна

Фото: Смоларскиот водопад не ги издржа ниските температури, замрзна

smolarski-vodopad

Смоларскиот водопад замрзна, објави денеска порталот „Струмица денес“. Тие добиле фотографии од читател на кои се гледа дека под замрзнатиод водопад има вода која тече со слаб интензитет.

Смоларскиот водопад е сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река.
smolarski-vodopad1