Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФото: “Шарените” триумфално се вратија пред Влада

Фото: “Шарените” триумфално се вратија пред Влада

Поголема група на граѓани меѓу кои и активистите на Шарената револуција се собираат пред владата на Република Македонија за да го одбележат крајот на владеењето на Груевски откако Зоран Заев го доби мандатот за состав на новата влада.
18553080_10210634622876579_1846294372_o

 

Шарената револуција беше “тивка” изминатите месеци и не излезе на улиците со цел да нема контра протести, ниту можни судири со демонстрантите на За заедничка Македонија.

18553207_10210634622236563_1476256933_o

 

Меѓу главните слогани на Шарената револуција беше “Не си одиме од овде додека не си оди Груевски”.

 

18575425_10210634622156561_361573461_o
Од СДСМ денеска посочија дека нема официјално да организираат прослава бидејќи не е време за триумфализам туку за реформи кои ќе ја направат Македонија подобро место за живот за сите.