Wednesday, Apr 24, 2024
HomeИздвојувамеФото: Се поставуваат привремени засолништа за мигрантите на Табановце

Фото: Се поставуваат привремени засолништа за мигрантите на Табановце

На железничката станица Табановце започнато е поставувањето на монтажни објекти кои треба да служат како привремени засолништа за мигрантите кои секојдневно заглавуваат во овој простор пред да продолжат во Србија. Куќичките се донација од УНХЦР и ќе бидат со површина од 18 метри квадратни. Објектите се монтираат до самата пруга, а ќе бидат поставени и 10 вецеа, чешми со вода за пиење, мијалници и осветлување на целиот простор.
mig5nov mig6nov mig4novОд возот што пристигна од Гевгелија се симнаа околу 400 мигранти, голем број од нив се жени и деца. Тие беа пречекани од екипите на Црвениот Крст и УНХЦР, им беа поделени ѓевреци, вода и сокови и им беше извршен лекарски преглед. Докторот кажа дека најмногу се жалат на стомачни проблеми и топлотни удари. Потоа мигрантите заминаа пеш кон српската граница.
mig19nov mig18novСо овие монтажни објекти барем малку ќе им се олесни транзитирањето на овие напатени луѓе. Монтажни објекти ќе се постават и на граничниот премин кај Гевгелија.
mig12nov mig14nov mig15nov mig16nov mig3nov mig20mig

Фото: Методи Здравев / Позитив.мк