Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаФото: Рак од Атлантскиот океан „доплива“ до Дојранско езеро

Фото: Рак од Атлантскиот океан „доплива“ до Дојранско езеро

Рак од Атлантскиот океан „допливал“ до Дојранското езеро. Рибарот кој го извадил од езерото ни ги испрати фотографиите од ракот кој живее во Атлантскиот океан и во мексиканскиот залив. За Позитив.мк тој вели дека бил изненаден од неговата боја и дека таков рак досега не видел. Веднаш почнал да се распрашува кај дојранските рибари и ресторани, но никој досега не видел таков рак во Дојранското езеро.
rak1novoНие се обидовме да дознаеме за каков рак станува збор. Имено, се работи за Callinectes sapidus, вид кој живее долж американскиот брег, а најмногу го има во мексиканскиот залив. Карактеристичен е по сината боја, а расте до 23 сантиметри. Неодамна се појавил и на источниот брег, а научниците сметаат дека тоа се должи на климатските промени. Ракот се појавил и на други места, но е многу редок случај. Такви примери има од Балтичкото, Северното и Црното море. А првиот забележан случај во европските води е во Франција во 1901 година.

Како овој рак стигнал до нашето мало Дојранско езеро, останува на научниците да потврдат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина без дозвола на редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница.