Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФото: Повторно пукање во Белгија – маж пукал во кафуле

Фото: Повторно пукање во Белгија – маж пукал во кафуле

Непознато лице пукало во кафуле во центарот на белгискиот град Гент. Во моментов нема податоци за загинати и повредени, соопштува локалниот телевизиски канал VTN. Од полицијата потврдија за инцидентот, кој се случил по 18 часот по локално време.
pikanje belgija 1
Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија фотографии на стрелецот. Според податоците на VTM NEWS, виновникот пукал неколку пати, по што го предал своето оружје на пристигнатите полицајци. Други медиуми пак јавуваат дека првично органите на редот се обиделе да го убедат напаѓачот да се предаде, но откако тој одбил, тие го застреле во пределот на стомакот. Мажот бил пренесен во болница.
oukanje belgija 2