Thursday, Apr 25, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонФото: Ова се новите iPhone 7 и iPhone 7 Pro

Фото: Ова се новите iPhone 7 и iPhone 7 Pro

Најновите протечени слики дефинитивно потврдуваат дека оваа година Apple ќе лансира само два модела, едниот е стандарден iPhone 7 кој ќе има поскромни новитети, додека пак сите подобрувања ќе бидат фокусирани во сосема новиот iPhone 7 Pro кој ќе има дуо камера со два сензора од 12 мегапиксели.

iphone 7 and iphone 7 pro 1

За iPhone 7 Pro се претпоставува дека ќе понуди и помоќен хардвер, повисока резолуција на дисплејот и поголема батерија. Поголеми промени во дизајнот освен различните ленти за антената, тргањето на 3.5 милиметарскиот аудио влез и различната поставеност на физичките копчиња нема. Промоцијата на iPhone 7 и iPhone 7 Pro ќе се одржи на почетокот на септември.

Извор: telefoni.mk