Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФотографија(Фото) Откриен е фосил од диносаурус стар 110 милиони години

(Фото) Откриен е фосил од диносаурус стар 110 милиони години

Рудари од Канада откриле фосил на диносаурус стар 110 милиони години. Овие остатоци биле испратени на анализа која ќе ја извршат  експерти во Кралскиот Тајрел Музеј на палеонтологијата. Тие веќе ја имаат потврдено староста на овој вид диносаурус кој талкал по планетата Земја пред 110-112 милиони години.

Интересно и необично кај овој пронајдок е тоа што самиот фосил бил „мумифициран“, а научниците се’ уште се обидуваат да откријат како и зошто се случил овој феномен.

 

Овој тревопасен џин долг 5 метри, а тежок 1.300 килограми од видот нодосаурус, ќе биде изложен во музеј во Канада.

19059369_1470020609703390_8338282364092579583_n 19149173_1470020559703395_3930907456833947813_n 19145948_1470020556370062_1632014330957349601_n19059369_1470020609703390_8338282364092579583_n19145948_1470020556370062_1632014330957349601_n

Вака изгледал овој диносаурус пред 110 милиони години.

Вака изгледал овој диносаурус пред 110 милиони години.