(Фото) Новата љубов на Рио Фердинанд!
Рио Фердинанд во 2015 година ја заврши фудбалска кариера играјќи за КПР, додека најголем успех го постигна во тимот на “Црвените Ѓаволи“ за кој играше 12 години од 2002 до 2014 година и беше столбот во одбраната на Манчестер Јунајтед. Тој сега работи во спортската телевизија БТ.
Рио Фердинанд наводно се заљубил во атрактивната ријалити ѕвезда Кејт Рајт. Фердинанд пред две години стана вдовец по смрта на неговата сопруга Ребека со кого има три деца, два сина Лоренцо 10 години, Тејт девет и петгодишната ќерка Тиа, Ребека почина во 2015 година од рак на дојката.
Рио сеуште нејќе јавно да ја признае врската велејќи дека нема ништо сериозно со 25 годишната убавица и дека максимално е посветен на неговите деца. Додека Кејт е вљубена до уши во Англискиот поранешен репрезентативец. Останува да видиме како ќе се одвива оваа нивна врска. Во продолжение ви ја претставуваме одличната Кејт Рајт.