Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеФото: Манијаци низ скопските автобуси

Фото: Манијаци низ скопските автобуси

Твитерџиката Калеш Ангел се пожали за многу непријатна случка во автобус на ЈСП. Девојката седнала во автобус за да патува до работа, кога во полупразен автобус до неа седнал возрасен маж кој ја допрел за нога и и рекол да направи место, иако имало доволно.

Потоа тој ја потпрел раката на седиштето пред девојката, веднаш над нејзиниот скут, а кога таа побарала да стане бидејќи пристигнала на саканата дестинација, тој се противел и одбивал да го стори тоа. По реакција на случајните патници, тој и дозволил на девојката да стане. Таа го фотографирала и фотографиите ги објави на Твитер.
manijak1
Одредени членови на Твитер го бараат името на овој човек, па доколку некој го препознае, слободно може да се обрати кај популарните твитер ликови.