Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФото: Макрон со скромна инаугурација, Брижит како Џеки Кенеди

Фото: Макрон со скромна инаугурација, Брижит како Џеки Кенеди

Емануел Макрон денеска беше унаугуриран откако уставниот совет и официјално ги потврди резултатите од изборите на кои центристот ја порази Ле Пен од националистичката партија. Инаугурацијата пројде многу свечено со моторизирана поворка кон Елисејската плата каде го дочека досегашниот претседател Франсоа Оланд.

makron inauguracija1

Потоа пристигна и новата прва дама на Франција Брижин Макрон која носеше син костим кој многу потсетува на стилот кој го практикуваа Џеки Кенеди и Меланија Трамп неодамна на инаугурацијата на Доналд Трамп.

makron inauguracija5

Француските медиуми известуваат дека новиот претседател на Франција носел костум од скромни 450 евра, за да се дистанцира од политичарите кои трошат многу на луксузни работи, но и да го стави зад себе стариот скандал дека добил скап костум вреден 13.000 евра како подарок.

makron inauguracija2

Франсоа Макрон во првиот говор пред француската нација вети дека државата ќе се бори со сите современи закани, ќе се соочи со тероризмот кој е во пораст, ќе бара решение за мигрантската криза за поголема безбедност и човечки права, а вети и поефикасна и подинамична Европска унија.