Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаФото: Мајката на Ѓултен проговори за ќерката која се предозира во Битола

Фото: Мајката на Ѓултен проговори за ќерката која се предозира во Битола

Пронаоѓањето на брачниот пар во мотел во Битола ја шокираше јавноста за смрта на двајца млади сопружници кои зад себе оставија четири малолетни деца и скапо ја платија зависноста од наркотици.

За младата Ѓултен проговори нејзината мајка Ѓулсаден која вели дека таа се лекувала од зависноста и подолго време не се гледала со нејзиниот сопруг Кашмир со кого се уште била во брак и не било поднесено барање за развод. Ѓултен на 24 октомври била на свадба во соседството по што и се губи трага, а малкумина можеле да претпостават дека ќе се предозира во мотелска соба.

Според извештајот на СВР Битола покрај младите сопружници се пронајдени игли и две боци со метадон. Оваа трагедија мора да послужи како предупредување за подобар третман и терапија на лицата зависници од наркотоци, а истото важи и за контролата на метадонот кој често се злоупотребува.