Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаФото: Лозовите и овошните насади уништени – Комисии на терен ги утврдуваат штетите

Фото: Лозовите и овошните насади уништени – Комисии на терен ги утврдуваат штетите

Владата на синоќешната вонредна седница одлучи да се формираат комисии за испитување на штетите настанати кај овошните и лозовите насади од ниските температури и мразот. Тие од утре ќе излезат на терен и ќе направат записници за штетите. Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, формирана е и комисија од повеќе институции која треба да утврди методолгија по која ќе се изврши исплаќање на штетите. Тој објасни дека согласно законот штетите се исплаќаат до 100 отсто и не е стриктно утврдено колкав ќе биде процентот на исплата.

Општинска комисија во Охридскиот регион денеска излезе на терен, а состојбата е загрижувачка. Според нивните информации, уништени се околу 80 проценти од јаболковите насади. Во меѓувреме, загрижените земјоделци објавуваат фотографии од нивните насади на кои се гледа што им направил мразот на овошките.
ovosje 1

ovosje 2

ovosje