Thursday, Mar 28, 2024
HomeИздвојувамеФото: Колку е моќно оружјето на македонската Армија?

Фото: Колку е моќно оружјето на македонската Армија?

Традиционално Армјата на Македонија ги претстави воените возила и опремата во рамките на одбележувањето на 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија. Хеликоптер, тенк, оклопни возила, автоматски оружја, нуркачка и алпинистичка опрема. Воениот стадион беше полн со посетители од најмала до најголема возраст кои уживаа во изложбата.
helikopter3Хеликоптерот Ми-8/17, секоја година привлекува големо внимание. Пилотот Стојановски ни раскажа зошто ова летало е едно од најмоќните во Македонија. Склопот на воено и цивилно летало овозможува со него да се извршуваат неколку операции. Хеликоптерот може да пренесе тенк или друго возило до 3 тона. Од него може да се пука и да се исфрлаат ракети. Посебните сајли се користат за спасување на луѓе. Хеликоптерот има опрема која овозможува во него да се изврши операција на повреден доколку е потребно.
helikopter1 helikopter2 helikopter4Годинешната изложба се разликува од минатите, токму поради фактот што за прв пат се изложува тенкот Т-72, кој без сомнение привлече најголемо внимание.
tenk tenk1Беше претставена и воената опрема и оружјето на Армијата. Посетителите имаа можност да видат со какви пиштоли и пушки располага Армијата. Беа претставени алпинистичката и нуркачката опрема, како и опремата за откривање на радиолошко, биолошко и хемиско оружје и опремата за деконтаминација.
oprema oprema1 puski puski1 puski2 vozila vozila1 vozila2 vozila3 vozila4 vozila5Традиционално, војниците покажаа и што умеат дресираните кучиња. Тие напаѓаа на наредба, чуваа осомничен и наоѓаа екплозив и дрога.
kucinja kucinja1

Подготви:Кристина Атовска

Не е дозволено преземање на оваа содржина без дозвола на редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница