Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаФото: Кога на слепо се купува куќа вредна 50 милиони долари

Фото: Кога на слепо се купува куќа вредна 50 милиони долари

Кинескиот милијардер Чо Чак Винг кој живее и работи во Австралија го сруши рекордот на пазарот на недвижности купувајќи луксузна куќа вредна 50 милиони долари и без притоа да види ниту една слика од имотот. Ексцентричниот милијардер ќе се всели на имотот наречен Ла Мер во предградието на Сиднеј со 6 ката, 6 спални соби, 6 тоалети, гаража со 20 места за автомобили, кино сала за десетина лица, теретана, сауна и стаклена градина.

Овој имот претходно бил во сопственост на уште еден милијардер Џејмс Пакер кој потрошил 3 години и 50 милиони долари за реновирање, но само што се вселиле со семејството сопругата побарала развод и го добила Ла Мер. Сега, се надеваме дека истата судбина нема да го снајде и Чо Чак Винг.