(Фото) Како изгледал светот пред 100 години
Кога ќе помислиме на стара фотографија си претпоставуваме дека таа би била црно-бела, но фотографијата во боја постои многу подолго од колку што ние мислиме. Само погледнете ги овие прекрасни фотографии кои датираат од дваесетиот век.
Фотографијата во боја се проучувала во средината на 19-от век. За првите експерименти во боја биле потребни посебно долготрајни експонажи (часови или денови да се направат слики), а фотографот не можел да ја „фиксираˮ, бојата на сликата да не избледнува брзо кога е изложена на бела светлина. Првата трајна фотографија во боја е сликана во 1861 година, преку принципот на тро-бојно сликање и за прв пат објавен во 1855 година, од страна на физичарот Џејмс Кларк Максвел. Идејата на Максвел била да направи три одделни црно-бели фотографии преку црвени, зелени и сини светла. Ова овозможува фотографот да пресоздаде слика во боја, со три основни каналчиња.
Едноставните слики од негатив, може да се проектираат преку исти бои на филтри светла и снимени една врз друга на екранот за проекција, кој што е адитивен метод за преснимување на боја. Слика во боја од негатив ,на хартија може да се направи со снимање на три јаглеродни фотографии (од негатив) една врз друга,направени во нивните комплементарни бои, кој што претставува суптрактивен метод за преснимување на боја. За прв пат овој метод бил воведен од страна на Луј Дуко ду Орон, во доцните 1860-ти години. Рускиот фотограф Сергеј Михајлович Прокудин-Горски направил широко да се употребува оваа техника за одвојување на боја, користејќи посебен фотоапарат кој едноподруго ги изложува трите филтрирани слики во боја на различни страни од правоаголната (фотографска) плоча. Бидејќи неговите експонажи не биле истовремени, променливите предмети во боја, „бордуриˮ, се појавуваат како светло обоени призраци, од кое произлегува основани или извадени слики (од негетив).
Развојот на фотографијата во боја, било оневозможено од ограничената нестабилност на првите фотографски материјали, кои најчесто биле чувствителни на сино, само малку чувствителни на зелено, и речиси бесчувствителни на црвено. Откривањето на сензибилизатор за бои, од страна на фото-хемичарот Херман Фогел во 1873 година, неочекувано ја направи возможна чувствителноста на зелно, жолто па дури и на црвено. Подобрените сензибилизатори на бои и тековните напредоци во севкупната чувствителност на бои, постојано го намалуваше, некогаш, потребното време за експонажа во боја, доведувајќи го многу поблиску до комерцијална остварливост.Автохромот, првото успешно комерцијално развивање на филм во боја, бил воведен од браќата Лумијер во 1907година. И покрај тоа што Автохромната фотографска плоча била лоша среќа, направена да создаде позитивна провидност , скробните зрнца служеле да се расветли секој дел со прецизна боја, а малите обоени точки заедно помешани во окото, ја синтетизирата бојата на предметот со помош на адитивниот метод. Автохромните фотографски плочи биле една од неколку варијанти на плочи, со адитивен екран во боја и филмови за фотоапарат пласиран на пазарот помеѓу 1890-тите и 1950-тите години.