Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФото и видео: Страшна катастрофа по земјотресот во Италија

Фото и видео: Страшна катастрофа по земјотресот во Италија

Силен зејмотрес ја погоди Италија кој досега одзеде 38 жртви, додека пак 150 лица се повредени. Земјотресот бил со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, а потресот се случил утрово. Најмногу погодени се планинскиот дел на централна Италија, но за среќа не е погодена густо населена област. Најмногу жртви има во местата Акумоли, Аматриче, Поста и Арквата дел Тронто. Епицентарот на земјотресот е на околу 170 километри од Рим.

zemjotres italija4

Потресот траел 20 секунди, но по 20 минути следувало уште едно силно тресење. Земјотресот бил почуствуван од Болоња на северот па се до Неапол на југот на Италија.

zemjotres italija3

„Состојбата е драматична, има многу мртви“, изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци. „Половина село е исчезнато“.

Голем број домови се целосно уништени во областите каде што беше епицентарот на земјотресот, во регионите Марке, Умбрија и Лацио. Локалните жители и спасувачките служби се борат да ги спасат оние кои останаа затрупани под урнатините.

Италијанскиот институт за земјотрес регистрираше 60 последователни потреси во текот на четири часа по првиот удар, при што најсилниот беше 5,5 степени.