HomeДЕНЕШНАРепубликаФото: Герила акции низ Македонија против функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Герила акции низ Македонија против функционери на ВМРО-ДПМНЕ

gerila-akcija-strumica

Група граѓански активисти вчера и денеска спроведоа герила-акции низ повеќе градови во Македонија. Акциите беа во Прилеп, Струмица, Велес, Битола, Тетово и во Куманово – пренесува Мета.
gerila-tetovo
Во Битола беше залепена пораката „Поголема провизија за повеќе станови. Ви благодарам битолчани, Владимир Талески“. Велешани револтот од актуелната власт го изразија со зборовите: „Се бориме за уште 10.000 иселени велешани. Поздрав Илија Димовски“. Прилепчани го „поздравија“ поранешниот министер за транспорт и врски, порачувајќи: „Се бориме за Прилеп, да пишти и да вришти. Поздрав Миле Јанкиески“. Во Струмица, пак, беше испишано: „Се бориме за иселување на младите од Струмичко до 2020 – ВМРО-ДПМНЕ“.
gerila-akcija-veles
Според активистите на „МК-герила“, целта на оваа координирана акција била да се прикаже ставот на граѓаните за вистинските мотиви што стојат зад таканаречената борба за Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.
gerila-akcija-bitola

gerila-akcija-prilep

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com