Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионФото: Фрлена бомба во косовската сала каде Вучиќ ќе има обраќање, тој не се плаши

Фото: Фрлена бомба во косовската сала каде Вучиќ ќе има обраќање, тој не се плаши

Кон спортската сала Зубин Поток во Косово каде денес треба да се обрати српскиот премиер Александар Вучиќ, рано утринава е фрлена бомба и пукано е од автоматско оружје.

bomba-sala

Директорот на Канцеларијата за Косово Марко Џуриќ пред новинарите истакнал дека од експлозијата оштетен е еден автомобил, а пронајдени се и чаури од автоматско оружје, додавајќи дека денешната посета на Вучиќ се одвива според планот. И покрај бомбата и истрелите, Вучиќ според планот навреме пристигна во Лепосавиќ и истакна дека бомбите нема да го заплашат, ниту пак има намера да ја одложи посетата.

bomba-sala2