Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнФото: Двајца студенти по архитектура дизајнираа хотел на остров во Охридско езеро

Фото: Двајца студенти по архитектура дизајнираа хотел на остров во Охридско езеро

Двајца студенти по архитектура, Димитар Петровски и Борјан Овезовски, понудија современ висококатен хотел, со форма на цвет, кој нуди плејада од јавни, приватни и комерцијални простори, како дел од проект од предметот „Архитектонско студио“.

hotel oh1Хотелот е замислен да биде поставен во близина на кејот во центарот на Охрид, поврзан со мост до градот и да со својот изглед да биде нова, вертикална скулптура во градот. Посетителите на хотелот и неговите барови имаат панорамски поглед кон стариот дел на Охрид. Објектот има модерни содржини, како транспарентен подводен кат кој на посетителите ќе им нуди поглед на езерската флора и фауна, фитнес центар и галериски простор за културни и општествени активности или само релаксирано уживање далеку од туристичката врвулица на самиот врв на хотелот. Сите детали прочитајте ги на design.mk.

hotel oh2

hotel oh3

hotel oh4