Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомФото: Џиновска стоногалка предизвика паника

Фото: Џиновска стоногалка предизвика паника

Џиновските стоногалки не се само дел од некоја хорор фантазија, туку навистина постојат и може да се најдат во делови од јужниот дел на САД, особено во Тексас, како и во делови на Мексико. Нивниот изглед навистина е застрашувачки но, за среќа ретко доаѓаат во допир со луѓето. Најновиот случај на паника доаѓа од Тексас по објавата на слика на страната на Одделението за диви животни што ги вознемири жителите.

giant-redheaded-centipede

Пронајдената џиновска стоногалка има должина од околу 30 сантиметри, страшни жолти 20 пара на нозе и црвена глава. Стоногалките во природата најчесто се кријат под камења и трупци, но знаат и да влезат во нечија куќа. Овие џиновски инсекти може да се хранат со гуштерчиња, стаорци, па дури и мали змии.

Стоногалките го убиваат пленот со отровни пипци лоцирани на самата уста, а го зграпчуваат со нозете.
Доколку каснат човек може да дојде до појава на силно изразени симптоми на осип, потекување, повраќање, несвестица, па дури и изумирање на дел од допрената кожа, што значи дека се прилично опасни.