Thursday, Mar 23, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеФото: Детенце од Скопје со најскромното писмо до Дедо Мраз

Фото: Детенце од Скопје со најскромното писмо до Дедо Мраз

pismo dedo mraz1

Новогодишните празници се идеален период за сите дечиња да ги побараат своите неисполнети желби од дебелиот дедо со бела брада. За некого тоа е начин да си побара сѐ што му лежи на душа, но за ова скопско детенце скромноста очигледно вреди злато. Ова писмо адресирано до Дедо Мраз го напишал Христијан Петрушевски, третоодделенче од ОУ „Партение Зографски“ кое добива апсолутно позитивни коментари.

pismo dedo mraz2


 

„Драг Дедо Мраз (мама и тато) за Нова година ако не можеш не мора да ми донесеш: ако немаш хелихоптер на далечинско не сакам ништо повеќе од едно чоколадо од 100 гр. и здравје и среќа“, стои во пораката на малиот Христијан.