Thursday, Apr 25, 2024
HomeСТУДЕНТУМ(Фото): Дали постои студентски дом од соништата?

(Фото): Дали постои студентски дом од соништата?

Да! Ве уверуваме дека овие фотографии ќе ја разбијат монотонијата во вашата глава за студентските домови какви што мислите дека се. Ве носиме во Копенхаген, тука е сместен фасцинантниот студентски дом Tietgen Student Hall (Tietgenkollegiet).

студентски4

На прв поглед е карактеристична градбата со кружен облик што претставува симбол на еднаквост и заедништво. Студентскиот дом го сочинуваат 360 соби, а секоја станбена единица има од 26 до 33 метри квадратни.

студентски1
Студентскиот дом содржи и посебни 30 станбени единици (апартмани) со 2 кревети и површина од 45 м2 за парови и студенти кои имаат потреба од екстра простор. Сите соби имаат обезбедено подно греење, тоалет и туш, а во прекрасната глетка уживаат преку големите стаклени екран-прозори кои се отвараат како француски прозор или со врата кон балкон.

студентски2студентски3Кујната игра централна улога во салата за престој и како таква направена е да биде удобно и пријатно место за престој. Опремена е со огромна трпезариска маса и столици и со тек на време, како што ја користат, самите студенти и даваат свој индивидуален печат.

студентски6Секоја соба засебно има своја тема и функција и исто така овозможува пристап до поразличен избор на објекти со различни содржини, како музички соби, цртални, читални, итн. Битно да се напомене е дека за секоја група на домување постои заеднички простор за дружење и гледање телевизија.

студентски7