Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаФото: Агрон Буџаку и неговото семејство удрени од пијан возач

Фото: Агрон Буџаку и неговото семејство удрени од пијан возач

Доцна синоќа, по протестите, Агрон Буџаку и неговото семејство доживеале сообраќајна несреќа пред „Даре Џамбаз“, но за среќа нема повредени. Автомобилот во кој тие се наоѓале бил удрен одзади од пијан возач во голф. Голфот дури и се поткачил на тротоарот.
budzaku soob novoМатеријалната штета не е голема, но огромен е ризикот кој пијаниот возач го предизвикал во сообраќајот. Мотоциклист кој сведочел на настанот вели дека и самиот тој за малку ќе загинел на семафорите, но забележал дека возачот е пијан по што ја намалил брзината. По само неколку метри мотоциклистот ја видел сообраќајката. Неофицијално, возачот на голфот имал над 3 промили алкохол. Сопатници на пијаниот возач биле две момчиња е една девоја за кои не се знае дали се полнолетни. Полицијата извршила увид. Повеќе информации во текот на денешниот ден.
soobrakajka budzaku 2 novo
soobrakajka budzaku 1 novo

Не е дозволено преземање на оваа содржина без дозвола од редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница