Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФорумот на слободоумни патриоти го повика Груевски да даде оставка

Форумот на слободоумни патриоти го повика Груевски да даде оставка

Форумот на слободоумни патриоти, чиј претседател е Владимир Змејковски го повикува Никола Груевски да си даде неотповиклива оставка од функцијата претседател на ВМРО ДПМНЕ и да „дозволи низ еден демократски процес да се избере ново раководство, раководство кое ќе нема никаква допирна точка со него и врхушката и нема да има хипотеки од злосторствата кои тие ги правеле“.

Форумот на слободоумни патриоти, денеска најжестоко реагира на, како што се вели во нивното соопштение, синоќешниот обид на лажниот патриот Никола Груевски да се скрие зад партијата и зад народот.

„Сакаме јавно да го прашаме лажниот патриот Груевски каде беше да мисли на народот, кога: Илјадници млади луѓе се иселуваа од Македонија додека тој за џабалак купуваше плацеви на Водно!

Во континуитет беа казнувани граѓаните од разни разни инспекци!

Се собираа пари за да се лекуваат стотици деца и млади луѓе, додека тој градеше непотребни и нефункционални објекти како Панорамското тркало!

Жестоко се пресметуваше тој и неговите полтрони со политичките неистомисленици!

Се дозволија 30000 рамковни вработувања, луѓето седат дома и земаат плата без ништо да работат, а сето тоа го плаќа народот!

Се амнестираа Хашките случаи, злосторства против Македонци од 2001 година!

Се вршеше жесток притисок врз докторите и просветните работници кои си ги бараа своите права! итн. списокот на злосторства против својот народ е долг!

За крај сакаме да му укажеме на Никола Груевски дека приказната после него потоп е смешна и не вродува со плод, Македонија и Македонскиот народ поминале низ многу премрежја и на крај секогаш успевале да се изборат за своите права и слободи“, се вели во соопштението на Форум на слободоумни патриоти.