Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамФормула 1: Алонсо најмногу, Мери најмалку платен

Формула 1: Алонсо најмногу, Мери најмалку платен

Списокот со најплатените возачи на Формула 1 за 2015 година е објавен. Порталот „Crash.net“ ги презентираше платите на возачите и не, не очекувајте да го најдете Луис Хамилтон на првата позиција.

Напротив, Фернандо Алонсо со 35 милиони евра е најплатениот возач во елитната Формула 1, веднаш по него се наоѓа Себастијан Фетел, а веќе на третата позиција е Хамилтон.

Најмалку платен возач е Роберто Мери со плата во висина од 150.000 евра. Еве го и комплетниот список.

1.Фернандо Алонсо – „Мекларен-Хонда“ 35 милиони евра,
2.Себастијан Фетел – „Ферари“ 28 милиони евра,
3.Луис Хамилтон – „Мерцедес“ 25 милиони евра,
4.Кими Раиконен – „Ферари“ 18 милиони евра,
5.Нико Розберг – „Мерцедес“ 13,5 милиони евра,
6.Џенсон Батон – „Мекларен – Хонда“ 10 милиони евра,
7.Фелипе Маса – „Вилијамс“ 4 милиони евра,
8.Нико Хулкенберг – „Форс Индија“ 4 милиони евра,
9.Серхио Перес – „Форс Индија“ 4 милиони евра,
10.Роман Грожан – „Лотус“ 4 милиони евра,
11.Пастор Малдонадо – „Лотус“ 4 милиони евра,
12.Валтери Ботас – „Вилијамс“ 2 милиони евра,
13.Даниел Рикардо – „Ред Бул“ 1,5 милиони евра,
14.Данил Квајт – „Ред Бул“ 750.000 илјади евра,
15.Макс Верстапен – „Скудерија Торо Росо“ 250.000 илјади евра,
16.Карлос Саинс – „Скудерија Торо Росо“ 250.000 илјади евра,
17.Фелипе Наср – „Заубер“ 200.000 илјади евра,
18.Маркус Ериксон – „Заубер“ 200.000 илјади евра,
19.Вил Стивенс – „Марусија“ 150.000 илјади евра,
20.Роберто Мери – „Марусија“ 150.000 илјади евра.