HomeДЕНЕШНАРегионФормирањето на новата црногорска Влада се очекува до 15 ноември

Формирањето на новата црногорска Влада се очекува до 15 ноември

fc06a7e73ed57b8e54ef467c8150ea2f

Црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС) и утврдениот мандатар Душко Марковиќ го завршија првиот круг разговори со партиите на малцинствата и со социјалдемократите за формирање на новиот владин кабинет, пренесе Танјуг.

Повикувајќи се на извори од ДПС, црногорските медиуми јавуваат дека владата може да се состави до 15 ноември.

Досега се водени само принципиелни разговори за поделба на ресорите, а поконкретен договор за распределба на улогите во извршната власт ќе се објави откако на 7 ноември ќе се формира новиот Парламент и претседателот Филип Вујановиќ и официјално на Марковиќ ќе му го врачи мандатот за формирање на владата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com