Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФорматот со 24 репрезентации и на наредното Европско Првенство

Форматот со 24 репрезентации и на наредното Европско Првенство

Директорот на ЕУРО 2016, Мартин Кален рекол дека форматот на турнирот со 24 репрезентации се покажал како успешен, односно дека ја зголемил популарноста на фудбалот во помалите држави.

„Овој формат е успешен. Видовме две репрезентации, Исланд и Велс, кои стигнаа далеку, што никој не претпоставуваше. Тоа е добро. Овој турнир отвора нови перспективи за фудбалот, мислам дека ќе порасне популарноста во некои земји, што ќе донесе уште повеќе деца во фудбалските школи“, рекол Кител.

Кител со оваа своја изјава само потврдил дека и на наредното ЕП ќе учестуаат 24 репрезентации. „Не можам да кажам каков формат ќе има ЕУРО 2024, но ние веруваме дека ваквиот ситем ќе остане, бидејќи во Франција се покажа како добар“, заклучил Кален.