Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија„Форбс“ објави – Бил Гејтс е најбогатиот бизнисмен во светот во областа на информатичките технологии

„Форбс“ објави – Бил Гејтс е најбогатиот бизнисмен во светот во областа на информатичките технологии

„Форбс“ го објави списокот на стоте најбогати бизнисмени во секторот на високите технологии. Основачот на „Мајкрософт“ сосема очекува се наоѓа на врвот на листата, чие богатство се проценува на 79,6 милијарди долари, а 13 проценти од нив се вложени во акции во „Мајкрософт“. На второ место е основачот на „Оракл“, Лари Елисон со 50 милијарди долари, а на трето е основачот на американскиот гигант за Интернет трговија „Амазон“, Џеф Безос.

Во списокот на најбогатите ИТ бизнисмени има 51 Американец, 33 претставници на Азиско-Тихоокеанскиот регион, осум Европејци, двајца Израелци и еден Јужнамериканец. Наведено е дека  94 од стоте милијардери во ИТ секторот заработиле богатство почнувајќи од нула.