Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионФондација Баба Ванѓа: Доста лажете за трета светска војна

Фондација Баба Ванѓа: Доста лажете за трета светска војна

Конечно пробив на здрав разум откако медиумите панично и сензационалистички пренесуваат наводни пророштва од Баба Ванѓа за крај на светот, трета светска војна, атентати на политичари, природни катастрофи, пожари, земјотреси…

baba-vanga-prorocicaФондацијата Баба Ванѓа од Петрич која го има заштитено ликот на балканската пророчица даде предупредување до медиумите да престанат да го злоупотребуваат нејзиното име токму со вакви лажни сензации, бидејќи таа никогаш не прорекувала војни и катастрофи, ниту пак во личните средби со луѓе не им соопштувала лоши вести, стои во реакцијата на претседателот на фондацијата Иван Драмов.