HomeДЕНЕШНАЕкономијаФолксваген ќе укинува повеќе од 30 илјади работни позиции

Фолксваген ќе укинува повеќе од 30 илјади работни позиции

folksvagen

Раководството на германскиот автомобилски производител Фолксваген веќе го договорило затворањето на повеќе од 30 илјади работни места во нивните фабрики ширум светот.

Најголемиот дел од преструктрурањето ќе се случи во Германија, каде ќе има промена на околу 23 илјади работни места, но ќе бидат задржани сите производни погони. Од фирмата велат дека нема да има отпуштања на работници и дека редукцијата на работни места ќе се одвива преку различни модели, меѓу другото и скратено работно време за постарите работници.

Ова се должи на премалата заработувачка од производство на автомобилите, како и скандалот со манипулираниот софтвер за издувни гасови кој дополнително ја влоши состојбата. Иако продава најмногу автомобили во светот, Фолксваген сепак мора да се задоволи со добивка од само 4,5 проценти по возило.

Во фабриките на Фолксваген ширум светот работат околу 624 илјади луѓе, од кои 282 илјади во Германија. Производителот планира до 2020-та година да ги намали трошоците на 3,7 милијарди евра годишно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com