HomeДЕНЕШНАСветФинска ќе ги претрка Канада и Франција: Прва ќе го исфрли јагленот

Финска ќе ги претрка Канада и Франција: Прва ќе го исфрли јагленот

finska-jaglen

Канада и Франција први ги најавија своите планови да го исфрлат јагленот од употребата, но Финска најверојатно ќе ги претрка во спроведувањето на таквите планови. Министерството за вработување и економија на оваа земја изјави дека имаат за цел да прекинат со употреба на јагленот до 2020 година. Крајната цел е да нема воопшто јаглен во земјата до 2050 година.

Моментално Финска добива 10% од енергијата од јаглен и 40% од фосилни горива, но од земјата се надеваат дека ќе ја сменат статистиката. Тие сакаат да го зголемат количеството енергија од обновливи извори за 50%, со надеж дека ќе се премине целосно на обновливи извори.

Оваа заложба на Финска се чини многу поцврста отколку на Канада и Франција. Франција сака да ги затвори фабриките за јаглен, а такви планови има и Канада, но и понатаму да ја користи технологијата за заловување на јаглеродот.

Соларниот систем на Финска има некои маани, како на пример, горењето дрва за греење. Сепак, една потенцијална забрана на Финска може да има ефекти врз климата во целиот свет. Парламентот на Финска ќе дискутира за забраната од 30 месецов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com