Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаФинансиерите ќе се радуваат ако Грција пропадне

Финансиерите ќе се радуваат ако Грција пропадне

Грција е навистина пред тешка економска криза доколку не добие нови средства за спас на економијата и отплата на огромниот долг од 340 милијарди евра. Со наложениот референдум утре Ципрас ќе се обиде да ги „омекне“ кредиторите и да добие нешто поповолни услови кои нема да предизвикаат социјална војна во Грција, а исто така се надеваат дека Брисел повторно ќе им попушти, но овој пат не е така.

greece-1

Финансиерите имаат една голема желба во најцрното сценарио, а тоа е Грција ако излезе од еврозоната, навистина да банкротира и пропадне финансиски, што ќе докаже дека клучот за успех во Европа е единствената валута ЕВРОТО. Тоа ќе им даде доволно јасен знак и на останатите должници воопшто и да не помислуваат да ја напуштат заедничката монетарна унија.

banks greeceДоколку референдумот утре биде успешен Грција ќе ги одбие условите на кредиторите и Брисел за воведување на екстремни мерки на штедење и кратење на бројни социјални бенефиции, но полека државата ги троши резервите и ќе мора да излезе со печатење на драхмата која сигурно ќе има многу слаба пазарна вредност што директно ќе се одрази на стандардот. Таквата положба ќе биде показател и за земјите како Шпанија, Португалија и Ирска кои имаат превисок државен долг и постојан пад на вработеноста.

Автор
Христијан Станоевиќ