Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаФилмски грабеж среде бел ден во центарот на Велес

Филмски грабеж среде бел ден во центарот на Велес

Филмски грабеж се случи денеска среде бел ден во центарот на Велес. Двајца маскирани разбојници одзеле четири метални кутии со пари од автомобил во движење. Разбојниците го сопреле автомобилот на агенција за обезбедување во кој биле парите и заканувајќи се со пиштол го зеле пленот откако го скршиле задното стакло на автомобилот.

Веднаш по грабежот влегле во автомобил рено без регистрации и со голема брзина се обиделе да побегнат, но автомобилот се расипал, а тие се обиделе да се сокријат во напуштена куќа. Полицијата за кратко време ги пронашла двајцата разбојници. Од секторот за внатрешни работи велат дека приведени се две лица кај кои се пронајдени парите и оружјето со кое е извршена кражбата.