Филмски фестивал во Торонто: Итната служба интервенирала два пати поради шокантен филм
Феминистичкиот филм „Raw“ кој спаѓа во жанрот хорор, толку ги исплашил посетителите на филмскиот фестивал во Торонто за итната служба да биде принудена два пати да интервенира. Неколку посетители се онесвестиле гледајќи го францускиот филм кој го режирала Жулија Дикурно, во кој станува збор за студентка вегетеријанка која станува канибалист.
Филмот официјално ќе биде претставен на 15 март 2017 година во Франција, а подоцна ќе започне да се прикажува и во другите делови на Европа. Информацијата околу тоа дека за време на проекцијата интервенирана брзата помош, ја потврдил и еден од организаторите на фестивалот Рајан Вернер.