Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмФилмови за Крафтверк и за Жан Мишел Жар на отворањето на „Скопје Синема Сити“

Филмови за Крафтверк и за Жан Мишел Жар на отворањето на „Скопје Синема Сити“

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“, којшто ќе се одржи од 15 до 19 јуни во Кинотека на Македонија, за отворањето ги најавува филмовите за пионерите на електронската музика Крафтверк, „Поп Арт“, и „Жан Мишел Жар – Историја на електронската музика“.

Воедно, Фестивалот го објавува своето прво промотивно видео како најава за своето отворање.

Едно од главните начела на Фестивалот е да го прикаже богатството на музичкиот свет преку популарните документарни филмови. Тоа што ќе се случува во текот на петте фестивалски дена е богатство од добра музика и приказни зад неа. Следната недела ќе биде објавена комплетната програма на Фестивалот со сите потребни информации.