Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмФилмот ,,Татко" прогласен за најдобар Европски филм во Карлови Вари

Филмот ,,Татко" прогласен за најдобар Европски филм во Карлови Вари

Режисерот  Висар Морина е добитник на наградата за најдобра режија за филмот ,,Татко” кој е копродукција меѓу Германија Косово, Македонија и Франција. На филмскиот фестивал во Карлови Вари кој годинава прослави 50 години постоење овој филм ја освои и наградата ,,Europa Cinemas Label” за најдобар европски филм во главната селекција

Четричленото жири кое ја донесе оваа одлука филмот ,,Татко” го опишува како  трогателна, брутално искрена приказна за десетгодишно момче во потрага по својот татко, кој го напушта за да почне нов живот во Германија.