Thursday, Mar 28, 2024
HomeСТУДЕНТУМФилмаџиите ќе се образуваат во Охрид

Филмаџиите ќе се образуваат во Охрид

Во Охрид е отворена нова високо образовна институција наменета за филмски работници, а за почеток ќе се изучува сценарио и продукција на постдипломски студии. Филмски институт – Филмска академија во Охрид ќе функционира како дел од Универзитетот Гоце Делчев, а наставата ќе се одвива во просториите на Факултетот за информатички науки.

Во тек е конкурсот за пријава на студенти, наставата ќе започне во ноември, а ќе се доделат и 20 стипендии од Министерството за образование и наука. Реализацијата на филмската образовна установа е со помош и асистенција на ФАМУ, чешката школа за филм која е една од најценетите во светот.

Фото: OhridNews