Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмФилм од ФДУ на ,,Сараево филм фестивал"

Филм од ФДУ на ,,Сараево филм фестивал"

,,Зелени sидови,црна храна” е насловот на документарниот филм на Сандра Ѓоргиева, студентка во 3-та година на катедрата за филмска и тв монтажа во класата на вон. проф. м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски на Факултетот за драмски уметности во Скопје,  кој  се најде во официјалната конкуренција на Филмскиот фестивал во Сараево, во категоријата – документарен филм.

 

Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, сценариото, режијата и монтажата се на Сандра Ѓоргиева, сниматели се Марко Димитриевски и Кристијан Караџовски, студенти на катедрата за филмско и тв снимање во класата на вон. проф. м-р Горан Трпчевски, извршен продуцент е Јована Мишковска, студент на катедрата за продукција во класата на вон. проф. м-р Игор Вецовски, а музиката е на Трајко Симоновски, студент на Факултетот за музичка уметност, под менторство на доц. м-р Дарија Андовска.