HomeФЕР ПЛЕЈРакометФилип Талевски потпиша за Рајн Некар Левен

Филип Талевски потпиша за Рајн Некар Левен

57f20b0359d5d5_52594167

Ракометарот на Металург и репрезентативецот на Македонија Филип Талевски од 2018 година ќе го носи дресот на Германскиот Рајн Некар Левен.

Рајн Некар Левен ја потврди информацијата дека Талевски потпишува три годишен договор и на лето 2018 г. ке се пресели во шампионот на Германија.

Талевски за медиумите изјави: „Секој млад ракометар сонува да заигра во Бундеслигата, јас не само што го исполнив сонот туку и ке заиграм во еден од најдобрите клубови во Европа“. Талевски е иднината на македонскиот ракомет.

Џенифер Кетеман најави можен трансфер на Талевски и пред летото 2018 ако се договорат со клубот од Металург. Талевски во Рајн Некар Левен ке го носи дресот со број 28.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com