Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФилип Петровски со ироничен коментар за добиениот конгрес на Мицкоски

Филип Петровски со ироничен коментар за добиениот конгрес на Мицкоски

Филип Петровски, како еден од најгласните критичари на Христијан Мицкоски, изрази незадоволство што не е прифатена идејата за одржување на вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој треба да се избере нов лидер или да му се потврди довербата на актуелниот од страна на членството.

“На родителите им понудив веќе да не сум им син. Едногласно ме одбија. Останувам нивен син” напиша Петровски.

Претходно Мицкоски соопшти дека на Централниот комитет му понудил одржување на вонреден Конгрес без да бара негова номинација, но наводно предлогот бил едногласно одбиен.

Ваквиот маневар го осудија сите критичари на Мицкоски кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ поранешни активисти и функционери кои не се согласуваат со неговото држење на позицијата претседател на партијата.

Мицкоски откри дека ќе биде избран нов Извршен комитет и дека го добил целосниот легитимитет од органите на ВМРО-ДПМНЕ за и понатаму да биде нејзин лидер.