Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаФиладелфија воведува данок на засладени пијалоци

Филаделфија воведува данок на засладени пијалоци

Филаделфија стана првиот голем американски град каде е воведен данок за засладени пијалаци.

Градскиот Совет на Филаделфија одобри данок од 50 центи на еден литар газирани и засладени пијалоци. Традиционалното пакување лименка од 335 милилитри ќе чини 18 центи повеќе.

Дополнителниот данок ќе се плаќа од 1 јануари 2017 година, а се очекува да се соберат 90 милиони долари годишно. Тие средства ќе бидат наменети за државните училишта, градинки и други јавни институции.

Одлуката е тежок удар врз моќната индустрија на газираните сокови кои презедоа милионска кампања за да спречат воведување таков данок.

Мерката има за цел да ги поттикне луѓето на здрава храна. Дијабетесот и зголемената тежина се сè поголем проблем во САД.