HomeРЕФЛЕКТОРМузикаФил Колинс најави турнеја за следното лето

Фил Колинс најави турнеја за следното лето

Британскиот музичар Фил Колинс денес најави дека следното лето ќе настапува во Лондон, Париз и Клен во рамките на турнејата „Not Dead Yet, Live“. Поранешниот фронтмен на групата „Genesis“ официјално се повлече од сцената во 2002 година, но тоа не потраја бидејќи после пет години имаше турнеја.

Колинс изјави за новинарите во Лондон дека првобитно се повлекол со цел да поминува повеќе време со своето семејство, но потоа почнал да пие бидејќи му се распаднало семејството. „Се предомислив“, изјави Колинс во врска со своето повлекување од сцената, додавајќи дека неговите деца сакааат тој повторно да се врати на сцената.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com